Во просториите на НУ „Завод и музеј“ – Битола се одржува работилницата насловена како: „Музеите кои значат – Постојани музејски поставки и работа со посетители“. Оваа работилница е прва од ваков вид која се одржува кај нас и има за цел да стави акцент на постојаните музејски поставки како еден од главните ресурси со кои располагаат музеите и основна комуникациска алатка со која тие комуницираат со публиката.
На работилницаат покрај стручните лица од НУ „Завод и Музеј“ – Битола, учествуваат стручни лица од голем број македонски музеи. Овој проект се реализира од страна на НУ „Завод и музеј“ – Битола во соработка со Форумот на словенски култури. Предавачи на оваа работилница се Андреја Рихтер, директор на меѓународната фондација „Форум на словенски култури“ и Масимо Негри, Научен директор на „Европската музејска академија“, и двајцата врвни професионалци во својата област.
Министерката Костадиновска-Стојчевска денес беше дел од работилницата „Музеите кои значат – постојани музејски поставки и работа со посетители“ и се сретна со директорката на меѓународната фондација “Форум на словенските култури“, Андреа Рихтер, која е и претседател на Европската музејска академија.
За време на средбата беа истакнати улогата, значењето и активностите на „Форумот на словенските култури“, чија цел е поврзување и претставување на културата на словенските народи во светот.
Според Костадиновска-Стојчевска, музејската дејност, како една од севкупните области на дејствување во културата, е од особено значење за афирмацијата и промоцијата на култура и културното наследство, за едукација на граѓаните, а особено на младите за културните богатства и особености на словенските народи.
-Министерството за култура дава целосна поддршка на организацијата на семинари и работилници на кои музејските работници и експерти ќе дискутираат на различни актуелни теми од областа на музеологијата, за создавање нов профил на музејската практика, соодветна на современото општество. Размената на искуства и добри практики ќе овозможи модернизација на постојните музејски поставки, систематско планирање на развојните активности, како и поврзување на музејските институции на меѓународно и на регионално ниво – рече министерката за култура.
Активностите на Форумот, како и денешната работилница, ќе бидат уште еден поттик за збогатување на програмските содржини во музејските институции давајќи придонес во афирмацијата на културното наследство што го поседуваат словенските земји.

“Музеите кои значат – Постојани музејски поставки и работа со посетители“ работилница во Завод и Музеј – Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес се празнува Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица
- Во Битола променливо облачно, попладне дожд, температурата до 28 степени
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со Советот за женско претприемништво
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
More from КултураMore posts in Култура »
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола
- Нека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)
- Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
- Владо Ѓорески од Битола со три дела, уметнички плакати, на Меѓународно биенале во Полска









