Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер лесно до бодови против Пролет во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Пролет (32:21)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола лесно ја победија екипата на Пролет која ја предводеше тренерот Александар Јовиќ,  во натпревар од групата “Б“, преку голема голема надмоќност и ја впишаа дванаесеттата победа оваа сезона. Пролет беше рамноправен противник само во воведните десет минути, а потоа следуваше целосна доминација на шампионот, на полувреме заврши 18:12.“Пелистерци“ со ист стил продолжија и во вториот дел, цели десет минути не примија гол и се одлепија на уште поубедливи плус 11, а потоа и за победа од 32:21.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер Радивојевиќ, Кузмановси, Василев и Пешевски со по четири гола.

More from ВестиMore posts in Вести »