Press "Enter" to skip to content

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола дел од кампањата “Активизам против насилство врз жените и девојчињата“ (фото)

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола денес со марш по Широк Сокак се приклучи во кампањата “Активизам против насилство врз жените и девојчињата“, заеедно со Униите на  жени на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар, Ресен, Новаци, Могила.Во маршот на Унијата на жени се приклучија и градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратеничкиот од Битола во парламентот – Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, претсефателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Пеце Милевски, членката на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ – Виолета Ковачевич, и сите заеднични испратија порака “Важно Е“ и кажаа стоп за насилството врз жените и девојчињата.-Денес го одбележуваме осмиот ден од кампањата “16 денови активизам борба против насилство врз жените и девојчињата“ организиран од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Опптински комитет Битола и ипраќаме апел до сите, како дел од овогодишната кампања“, на светско ниво, дека превенцијата е најваѓна, дека сите 365 денови во годината треба да се бориме прорив секаков вид насилство и на секоја жена да подадеме рака, на таа жена кој е уплашена и се наоѓа во животозагросувачка состојба. Овде сме рамо до рамо со сите млада, со нашите браѓа, сопрузи, сопартијци, и сите граѓани кои ни се придружија на овој марш заедно да кажеме стоп за насилство врз жените и девојчињата. Градоначлникот на Општина Битола, Советот на Општина Битола и комисијата за еднакви можности се пример за тоа како 365 дена во годината е мисли како да се помогне и како да се даде поддршка на жртвите на насилство врз жените, децата и нивните семејства. ВМРО-ДПМНЕ е демохристијанска партија која ги чува и застапува семејните вредности како големо семејство сите заедно.На покана на Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола во маршот учествуваше и градоначалникот Коњановски, кој рече дека е присутен само како градоначлник туку и како и сопруг, маж, како дел од овој град кој треба да го следи традицоналните вредности и ја поддржува еднаквоста на мажите и жените.На крајот од маршот беа пуштени и портокалови балони, како поддршка на секој еден од нас, како поединци, институции, општество.

More from ВестиMore posts in Вести »