Press "Enter" to skip to content

“Мобилност Македонија“ во Битола го одбележа 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност (фотогалерија)

Денес во Битола, во ресторанот “Гламур“ националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија, го одбележа 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, востановен од меѓународната заедница пред 37 години. И во пресрет на 4 декември, денот кога е основан сојузот “Мобилност Македонија“, се одржа работилница на тема “Менталното здравје кај лицата со инвалидност“Претседателот на “Мобилност Македонија“, Бранимир Јовановски за тоа што претставува овој национален сојуз рече.-Национален Сојуз е посветен на комуникацијата со институциите на државата за подобрување на правата и положбата на лицата со инвалидност, сакаме да поттикнеме свест и совест кај обичниот граѓанин за потребите на лицата со инвалидност, затоа што тие се еднакви граѓани на оваа држава, и само со поддршка можеме да се сплотиме, да живееме во една заедница и да ги уживаме правата во животот како и сите останати. Во ова време на невреме, кога сите не обвива едно сивило, повикувам на сплотеност, на заедништво, за почит и чесност во работењето, но пред се на отчетност бидејќи нашата работа во Мобилност-Македонија е на волонтерска основа, а волонтерството подразбира саможртвување без чукање во гради. Мислам дека сите имаме доволно простор да си подадеме рака, за жал Македонците некако се навиканти многу често да пружаат нога, отколку да си подаваат рака.Претседателот на “Мобилност Битола“, прим. д-р Нико Јанков, потсети за тоа што се е направено во Битола за подобрување на квалитетот  на животот на овие лица.-Нашите сограѓани со попреченост и понатаму се соочуваат со низа препреки и предизвици за непречено функционирање во нивното секојдневие иако може да се каже дека има напредок. ГИ охрабруваме институциите на системот во државата да почнат поинтензивно и посилно да ги применуваат сите законски прописи и конвенции со кои се овозможува подобро и полесно живеење на лицата со инвалидност, рече прим. д-р Нико Јанков.-Во моментов работиме на новиот текст на Законот за градење кој е многу битен за нас бидејќи со него се решава можеби најголемиот проблем на лицата со телесен инвалидитет, а тоа е можноста за пристапност, за независно живеење, за слободно движење, можноста да влезат во институции бидејќи свесни сме дека во нашата држава има премногу скалила, премногу непремостливи архитектонски бариери и пречки, и искрено се надеваме дека вклучувањето на елементите за пристапност ќе биде основ за градба, рече Бранимир Јовановски.За работилница на тема “Менталното здравје кај лицата со инвалидност“, универзитетскиот професор д-р Сашо Кочанковски предавач на работилницата рече:-Менталната благосостојба како дел од целокупното здравје е многу важна бидејќи тоа е основно човеково право. За жал сеуште треба да се работи за надминување на повеќе проблеми пред се на стигматизирањето на телесната попреченост, да се почитуваат човековите права на лицата со телесна попреченост и да не се чувствуваат дискриминирано. Лицата со телесен инвалидитет имаат потреба од социјално вклучување, наспроти социјално исклучување кое предизвикува незадоволство, фрустрираност, анксиозност, стрес и други проблеми. Посебен проблем е изолацијата и осаменоста кои влијаат врз чувството на самодоверба, и затоа ние помагаме да ја зајакнеме и охрабриме секоја личност со телесен инвалидитет.За учесниците на националниот собир, претставници на здруженијата на лица со телесен инвалидите од Скопје, Штип, Прилеп, Струмица, Дебар, Струга, Кочани, Куманово, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Ресен, Демир Хисар и од Битола, членови на КУД „Илинден“-Битола приредија уметничка програма.Литературни читање одржаа  лица членови на здружението, кои рецитираа свои дела.

More from ВестиMore posts in Вести »