Денес, вторник, 5 декември, во Битола според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 7 степени.
Утре, среда, 6 декември, во Битола времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата во Битола до 8 степени.






