Press "Enter" to skip to content

Есенска завршница: ФК Јени Маале од Битола го одбележа крајот на првиот  дел од сезоната со стил (фотогалерија)

Фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола, со традиционална вечер во ресторанот “Гламур“, симболично објави крај на есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2023/2024.Традиционално гостите со енергичен говор ги поздрави капитенот на екипата Никола Пискачев кој во таа пригода покрај другото истакна дека она што ФК Јени Маале го прави да биде поразличен клуб од сите останати кои се натпреваруваат во општинската фудбалска лига на Битола е другарството, синергијата, кохезијата која владее во клубот.Пискачев ретроспективно ги наврати играчите во времето на најзначајните моменти од изминатата полусезона. Притоа, капитенот не заборави да спомене и да потенцира дека на резултатски план ФК Јени Маале се чини дека оваа полусезона потфрли и дека капацитетот на оваа екипа е поголем, со што испрати порака до сите играчи и до останатите присутни од стручниот штаб и од управата дека пролетниот дел мора и ќе биде резултатски подобар. Тој истакна дека силата на ФК Јени Маале лежи во тимската врска и посветеноста на играчите. Споделувајќи го својот оптимизам за иднината, капитенот најави дека клубот има потенцијал за уште поголеми успеси во пролетниот дел од сезоната. Со гордост ја изрази својата доверба во овој тим и ги покани присутните гости да ги поддржат играчите во претстојните натпревари. Оваа порака капитенот ја испрати со силна визија за подобрување на резултатите и со посветеност кон успехот на клубот.Во продолжението на воведното обраќање, капитенот на екипата додели посебно признание на еден од поискусните фудбалери на Благојче Симоновски како што кажа посебен придонес во процесот на развој, афирмација и опстанок на клубот во изминатите 15 години и кој помогна во уредувањето на клупските простории на ФК Јени Маале. За таа цел капитенот од името на целиот клуб на наградениот играч му додели дрес од клубот.Со завршување на говорот, капитенот Никола Пискачев не заборави да спомне дека клубот е онаму каде што е денес, е благодарение на големиот круг на пријатели и помагатели на неговото севкупно егзистирање.Потоа следуваше забавата која традиционално со песна ја отвори поранешниот репрезентативец Тони Мицевски, со песната „Ако одам во Битола“. Митко Стојковски и Тони Мицевски, македонските фудбалски легенди се дел од приказната ФК. Јени Маале. Митко Стојковски по „природен пат“ бидејќи е роден генималец и беше и остана доследен во својата помош и поддршка кон клубот, а Тони Мицевски стана дел од екипата како резултат на меѓусебната долгогодишна почит и соработка.Боби Думевски играчот на ФК Јени Маале рече:-Да се биде дел од ФК Јени Маале е чест и привилегија. Посебно ми е чест и горд сум што ја уживам таа прилика да бидам дел од клубот каде владее другарството. ФК Јени Маале е синоним за искрена и чиста љубов кон фудбалот, другарство без граници, тим за кој сите дишеме како еден, заедно плачеме на поразите и заедно им се радуваме на победите и сите заедно веруваме во спортскиот ферплеј, а заедништвото е тоа што не прави поразлични од другите клубови.На самиот крај од забавата, капитенот ги соопшти и плановите на клубот за подготовките и за настаните кои се планираат да се организираат во рамките на прославата за 15 години постоење на ФК Јени Маале, што треба да се случи во текот на летото наредната 2024 година.

Марија Пискачева

More from ВестиMore posts in Вести »