Press "Enter" to skip to content

Денес двојна програма од ракометниот куп, двете екипи Еурофарм Пелистер со лесни победи

Еурофарм Пелистер – Шампион 57:16

Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48:23

Денес во Битола се одигра два натпревари од Купот на Македонија од првата фаза на натревари, а двата тима на Еурфарм Пелистер забележија победи и како големи фаворити продолжуваат во наредбата фаза.

Македонскиот ракометен шампион екипата на Еурофарм Пелистер извојува убедлива победа и со 57:16 го совладан беше тимот на Шампион. Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Петар Атанасијевиќ со постигнати 32 гола.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 извојува победа против прволигашот Овче Поле со резултат 4823. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Симон Мирчевски со дванаесет и Алем Хаџиќ и Марко Димовски со по осум гола.

More from ВестиMore posts in Вести »