Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)

-Во мојата новинарска кариера, покрај за спортот, сум пишувал и известувал за многу интересни работи, како популарно сега е викаат проекти. Еден од оние, би рекол, поинтересни за мене, бил проектот за бесплатна мобилна детска градинка, започна со своите сеќавања за пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој дополнува:

-Проектот, како имам запишано, бил финансиран со средства од Европската унија и од буџетот на Република Македонија и беше насловен “Грижа во ран детски период“. Мобилните градинки требаше да обезбедат алтернативни претшколски услуги за сите деца од руралните средини, каде многу тешко е да се отворат класични детски градинки.Со проектот се обезбедуваше предучилишна услуга која има отворено три фиксни центри во три села: Горно и Долно Оризари и Логоварди, но најинтересно беше тоа што мини бусот кој сам по себе претставува градинка. Се паркира во некое битолско село и временскиот период додека тој е паркиран во селото, неговата намена ќе биде бесплатна градинка за децата од 3 до 6 години.

-Да бидам искрен не можам да кажам дали овој проект беше успешен, но се надевам дека некои битолски деца и некои родители ги искористија поволностите од овој проект, заврши Миновски.

More from ВестиMore posts in Вести »