Во ОУ “Даме Груев“ од Битола денес е отворена сензорна соба, благодарение на Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор“ со проектот инклузивни општини преку квалитетно образование, а сето ова поддржано од Германското друштво за меѓународна соработка, во соработка со Општина Битола и ЗЕЛС.
На отворањето на сезорната соба беше присутен градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски кој ја искажа потребата и значењето од ваквите сензорни соби, кои придонесуваат за поттикнување и развивање на потенцијалите на учениците кои имаат потреба за работа во индивидуален или групен контекст.
Собата е целосно опремена со сите аудио визуелни и сензорно моторички реквизити.

ОУ “Даме Груев“ доби сензорна соба од фондацијата “Чекор по чекор“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола
- Денес се празнува Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица





