Press "Enter" to skip to content

Пелистер до четврта победа по ред, со половина кош го победија Гостивар во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Гостивар 89:88

По првата четвртина која ја имаа гостите се си дојде на место, Пелистер во Битола имаше добра предност, но на крај со слободно фрлање го доби натпреварот со погодено едно слободно фрлање на Магдевски на само 2 секунди до крајот.Натпреварот започна со израмнета резултатски игра, двте екипи се менуваа во водството, но Гостувар по 10 минути игра имаше +3 (26:29) иако имаа е седум поени пресност.

Во втората четвртина, „пелистерци“ успеаја да заиграат како посакуваше нивниот тренер Радуловиќ, како одбрана така и во напад, и да имаа 23 постигнати поени, наспроти само 6 колку имаа гостиварчани. Пелистер на одмор замина со +14 (49:35).  Во овој период од играта двометрашите Хот, Планиниќ и Маслинко имаа серија од 10:0.Во третата четвртина екипата на Гостивар намали на -8 (69:61), а во последната четвртина не се предадоа и го направија натпреварот со интересен крај. Гостивар оттогаш бркаше резултат, ни не успеа во намерата. Но, сепак на 16 секунди пред крајотсо трјка на Вилијамс дојде на 87: 86, а потоа беше 88:88. Со последните слободни фрлања, Магдевски реализира само едно слободно фрлање на 2 секунди до крајот за тесна победа на Пелистер.Најефикасен кај Пелистер беше Планиниќ со 22 поени, пред Маслинко со 19 поени, додека Бернард заврши со 16 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »