Press "Enter" to skip to content

Дебата дали зависностите се ИЗБОР или ПОСЛЕДИЦА во Битола (фотогалерија)

На Новата сцена во Центарот за култура во Битола, младите од Пелагонија дебатираа дали зависностите се ИЗБОР или ПОСЛЕДИЦА, колку ние како општество успеваме да им помогнеме на оние кои се борат со пороците и најважно од се, дали  правиме доволно за превенција или задоцнуваме да дадеме поддршка во вистинскиот момент.Панелот составен од Ивана Маринчек – психотерапевт, Ќуфли Османи – универзитетски професор по психолошки науки и Тони Попов – сестран уметник и активист за превенција и едукација на деца и млади преку уметност од панелот  потврдија дека во современото општество, секој од нас е зависен од нешто – кој од шопинг, кој од работа, кој од чоколадо, кој од внимание, но има, за жал во се поголем број млади, кои се на работ да станат зависни од дрога, од коцкање…Прашањето кое младите го поставија до панелот беше како младите да препознаат кога таа навидум безопасна потреба за задоволство се претвора во „зависност“, во владетел врз нашиот ум, срце и тело…кога едно пиво се претвора во редум пијани ноќи, кога еден џоинт се претвора во пропуштени часови, изгубени пријатели, кога едно ливче во кладилница се претвора во крадење пари од дома за целовечерно коцкање, кога пола дијазепам станува единствена утеха секое утро и секоја вечер…Младите ги споделија искуствата од своето секојдневие, кажаа јавно достапноста на пороци е многу поголема од достапноста на помош и поддршка за младите, дека дрога е многу лесно и евтино да се купи, дека кладилници има повеќе од продавници и дека нивните врсници кои се на прагот да станат зависници најчесто помош бараат од другарите а не од институциите.Од друга страна, панелистите дебатираа дека младите и покрај искрената желба да бидат поддршка за своите другари кои се борат со пороци, сепак се и самите неискусни и немаат стручни вештини да им помогнат на зависниците. Дополнително, младите проговорија и за јавната осуда кон зависниците наместо отвореноста на општеството за нивно прифаќање и помош низ лавиринтите на институциите на системот задолжен за борба со пороци.Со грч во грло но со широко отворени очи полни со желба за помош и поддршка на своите врсници кои се борат со зависности, младите испратија порака за поддршка но и апел за проактивност на институциите за поголема превенцијана зависмостите кај младите.Дебатата, на која присуствуваа и заменикот Амбасадор на Кралството Холандија, Роберт Декер и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, се одржа во рамките на  проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ финансиски поддржан од Амбасадата на Холандија а имплементиран “Про Локал“ заедно со уште осум локални организации од Пелагонискиот регион.

Фото: Дамијана Ристевска