Press "Enter" to skip to content

Превентивна активност на СВР Битола, РСБСП и Факултетот за безбедност

Денеска, СВР Битола во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност спроведе превентивна активност за потсетување на возачите за важноста на почитувањето на правилата и прописите во сообраќајот за време на претстојните новогодишни празници.

На возачите им беше препорачано да не конзумираат алкохол кога планираат да управуваат со моторно возило, доколку конзумираат алкохол за време на новогодишните празници тогаш да користат такси услуги или јавен превоз, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да користат сигурносен појас, да избегнуваат нагло сопирање на возилото… Гордана Кожуваровска, претседателка на РСБСП, упати апел за одговорно учество во сообраќајот и внимателно возење за време на новогодишните празници и почитување на правилата од сите учесници во сообраќајот.

Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола истакна дека за безбедно прославување на новогодишните и божиќни празници, апелираше да се почитуваат максимално сообраќајните правила и прописи и да се следат насоките кои ги даваат полициските службеници од сообраќајната полиција како на отворените патишта така и во населените места.

Исто така, денеска заедно со претседателката на РСБСП Кожуваровска, полициските службеници на СВР Битола посетија и дел од угостителските објекти во Битола каде на присутните гости, особено помладата популација, им поделија едукативни материјали со совети и препораки за безбедна прослава на новогодишната ноќ и престојните празници како и разновиден едукативен материјал за безбедно возење.