Press "Enter" to skip to content

Се играше до зори во Битола на ретро журка “Орфеј No 5“ во “Расчекор“, ди-џеите на ниво на задачата (видеа+мегафотогалерија)

-Повторно срушени предрасудите стари, млади, возрасни, повозрасни… ( кои постојат како и сите други предрасуди, кои без да се расуди се суди), се срушени. Оние кои присуствуваа синоќа на 5. ред на ретро журката “Орфеј“ како сеќавање на диско-клубот кој во 80-тите години работеше во Битола, тоа и ќе го потврдат.Музиката не познава и нема граници… Тој што е во душата рокер ќе остани рокер и до 100 години, тука нема млад или стар… Можеби некоја брчка повеќе, или килограм плус, побелена коса… но тоа се “лузните“ кои животот ги остава врз секој човек. Но духот е ист, емоциите автентични, темпераментот се смирува, резултат на  зрелост, карактерот останува ист…Синоќа, атмосферата во ноќниот клуб “Расчекор“ може да се опише со “Saturday night fever“. Сите играа на звуците на музиката од 70, 80-тите 90-тите години. Ди-џеите Кекел, Николче Терзиевски, Иле The Hair и  ДЏ Fico  ја загреаја атмосферата така да се играше до доцните, рани часови.

Оваа 5 по ред ретро журка зимска може да се каже дека веќе прераснува во бренд. Заради големиот интерес, музиката која се слуша, личностите кои доаѓаат. Урбани ликови, вљубеници во музиката од 70, 80, 90 години на музиката, тука може да се сретнат личности кои излегувале од самите почетоци на диско “Орфеј“, присуствувале на култните забави во 80 години, но се разбира и млада поулација која само слушала за ова диско и кога доаѓа на забавите за добрата музика од тој период или можеби на некој начин да ја почуствува енергијата на годините од минатиот век.Во “Расчекор“ беа  личности кои допринесуваат од различни области на градот Битола, политичари, бизнисмени, спортисти, активисти, боеми…  Така синоќа организаторите ги испочитува и градоначалникот на нашиот град Тони Коњановски кој со сопругата се забавуваше на журката. Исто така и бившата градоначалничка Наташа Петровска со својот поранешен тим.За музиката задолжени ди-џеите Николче Терзиовски, Иле Косата, Кекел се оние кои пуштале музика во различни периоди на диското “Орфеј“ и на некој начин ја знаат атмосферата која постоела тогаш и сега.Со нив рамо до рамо беше и младиот ДЏ Фичо од Скопје кој воодушевен од атмосферата ни кажа:-Искрено да во кажам не се надевав на ваква атмосфера, но ова што вечерва го доживеав не се има случено досега, а имам пуштано музика насекаде, места кои се познати по добар провод и ноќен живот. Битолчани се посебни, а тоа се покажа и вечерва. Се разбира дека енегијата на публиката придонесе за мојот ди-џеј настап вечерва.ДЏ Николче Терзиевски пуштал музика крајот на 70 и цела декада на 80 години на минатиот век во диско „Орфеј“, а преполн со емиции од некогаш и сега во еден глас рече:-Ја достигнавме “точката на вриење“ вечерва и најважно е што се играше и подиумот беше полн. Тоа го кажувам со воодушевувавње бидејќи ние битолчани сме познати по тоа што понекогаш имаме предрасуди за тоа „кој што ќе кажи“.Илија Талев „The Hair“ ни рече дека како да се вратил во времето, овој период зима 80 години, едни од во најдобрите на диско Орфеј. На забави или журки со дрес код. кога доаѓав на журките во стил на моите омилени Ultravox, Adam and the Ants, додаде:-Возбуедн сум што сум дел од ова што се случува вечерва, добар ритам и забава, се надевам дека не е тука крајот, ќе има уште забава, а битолчани нека се подготвуваат.

Златко Самарџиев – Кекел во оваа журка има двојна улога, како организатор и како ди-џеј, во свој стил кажа:-Рокери, панкери, шминкери, даркери… така се делеа младите според музиката која ја слушаа во тој период. И овој пат на оваа забава секој ќе се врати на некој начин во младоста, во некое време социјалистичко кое остави трага на тие генерации, а овие генерации кои беа тука вечерва во “Расчекор“ мислам дека веќе го темпираат летниот одмор, за да бидат тука заедно со нас на летната ретро журка “Орфеј“ која ќе го носи бројот 6.А ќе кажат за нив најубаво бидејќи и младоста е најубава. Но, душата не страрее, иста е како и во младоста.Тоа беше мислата со која и сите си заминаа синоќа, но со позитивна енергија  и надеж дека традицијата ќе продолжи со ретро журка на лето.Порталот Bitolanews како медиумски покровител на сите пет досегашни ретро журки “Орфеј“ и дел од организацијата заедно со Марио, Брусли и Какело, со видеа и мега фотогалерија ви пренесува како беше синоќа и до раните зори беше во “Расчекор“.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »