Press "Enter" to skip to content

Само по половина сезона данецот Нилсен замина од Еурофарм Пелистер

Ракометниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер од Битола денес и официјално потврди дека спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен.

Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион, а 26-годишниот Нилсен се враќа во својата татковина.

-РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен. Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион. 26-годишниот Нилсен настапи во „зелено-белиот“ дрес во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите и покажа професионален пристап и ангажман. Сепак, заради професионален предизвик и враќање во татковината, Нилсен пред истекот на договорот се разделува со нашиот клуб. РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува за периодот минат во нашиот клуб, нашиот град и нашата земја. Искрено му посакуваме успех во следниот предизвик и нашиот клуб секогаш ќе биде отворен за соработка за професионалци како Андреас Нилсен, се вели в0 соопштението од клубот.
More from ВестиMore posts in Вести »