Фудбалскиот клуб Јени маале од Битола продолжува да ги изненадува и радува најмалите, откако денес го посетија Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. ФК Јени маале оваа година сакаше да им го разубави претпразничниот период на најмалите и затоа организираше предновогодишно дружење и изненадувања за секое детенце од Центарот за поддршка на учењето.
Фудбалерите на Јенимаале, со насмевки и топла енергија, ги пречекаа децата од Центарот за поддршка. Во срцата на овие дечиња, скромните желби за топла насмевка станаа реалност.
-Доколку празниците за многумина се период на изобилство, за овие дечиња тоа се денови на топлина и внимание. Овие дечиња се навистина скромни, тие посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат ни пружаат безусловна љубов и благодарност. Сакаме да ја поткрепиме и поттикнеме мислата на дечињата дека празниците се денови кога се случуваат најубавите работи и се остваруваат желбите.
Од клубот велат дека нивните претставници секогаш ќе се грижат за овие дечиња и најавија дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина.

ФК Јени маале ги стопли срцата на децата во Центарот за поддршка на учењето во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Томас Спасе Трпчевски, 17 годишен фудбалер во Мелбурн, Австралија: од Мелбурн преку Битола и Белград до европски клуб (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 11 степени
- Денес е Свети Климент, патрон на македонската православна црква
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола
- Мултисензорната изложба “Допир на уметноста 2025“ во Музеј Битола (фотогалерија)





