Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица на 23 години за марихуана, физички напад во пазарот

На 04.01.2024 во 20.40 часот на ул. “Илчо Стојановски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 23 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 04.01.2024 во 15.10 часот во СВР Битола, И.И. (51) од Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил физички нападнат од друго лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »