Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен осуденик за бегство од затвор, кривична за дилер, физички напад врз син и татко

На 5 јануари 2024 година од страна на полициски службеници за РЦГР ЈУГ и СВР Битола лишен  од слобода е 62 годишник од Крушево, кој бил баран со централна потерница по наредба на КПУ Идризово поради бегство од затворот. Приведениот е осуден на 15 години казна затвор по чл. 123 од КЗ на РСМ, а за доиздржување има 7 години 5 месеци и 7 дена. Лицето ќе биде спроведено во казнено поправната установа, информираат од МВР.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 38 годишник од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.03.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над лице од Битола, при што пронашле и одзеле хероин, која претходно го купил од пријавениот.

На 06.01.2024 во 07.17 часот во СВР Битола, С.Т. (24) од Битола пријавила дека во дворот од Клиничка болница Битола нејзиниот татко и брат биле физички нападнати од лица вработени во обезбедувањето на болницата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

 

More from ВестиMore posts in Вести »