Press "Enter" to skip to content

Дел од најубавите новогодишни чeститки до најмалите и најмилите во нивните магичните домови (фотогалерија)

Магијата на Новогодишните и Божикните празници најповеќе се доживува и чувствува во домот и семејството. Таа магија започнува уште со украсувањето на домот со Новогодишната елка, сијаличките кои светат, мелодиите кои се шират… Приказните кои им ги раскажуваат и верувањето во Дедо Мраз кој ги радува сите деца во светот кои се добри. Најповеќе се радуваат најмалите и најмилите. Бајките и приказните постојат и одсекогаш постоеле за развивање на фантазијата и имагинацијата кај децата. Нивните мајки им ја доловуваат оваа бајка во нивниот топол дом, со голема љубов и внимание. Со тоа на непосреден начин ја развиваат нивната фанатазија, но и почитување на големите верски празници Свети Никола Чудотворец, Бадник, Коледе, Божик, Водици. Сите обичаи за овие празници се чествуваат во домот, нашите деца тоа го гледаат, впиваат, учат за истите од сите нас. На овој начин во домот се учи традиционални и морални вредности односно добро, лошо од најмала возраст. Се смета дека децата кај кои родителите се радуваат на празниците и желно го исчекуваат нивното доаѓање, развиваат кај нив верба во добро.  

На оваа тема поразговаравме  со  нашите соговорнички млади современи мајки, кои им ја раскажуваат Новогодишно-божикната бајка на своите деца. При тоа на еден непосреден начин воспитувајќи, ги учат на добро – зло, лошо, правилно – неправилно, праведно – неправедно, убаво – грдо… на праведност, дарежливост, споделување со другите. Се разбира тука се и фотографиите,  еден вид на ритуал без кој денес не се може, бидејќи добро е да се има  фотографии кои ќе останат и прават сеќавања. Фотографии кои разнежуваат и вредат повеќе од илјада зборови бидејќи децата се нашето богатсво и иднина. Од домовите на: Емилија, Ивана, Христина, Весна, Катерина, Александра честитки за добро здравје, среќа и радост насекаде.

Емилија Ралевска за синот Лео…-Сите обичаи за Новогодишните и Божикни  празници се чествуваат во домот. Нашиот Лео ги сака бајките особено Новогодишните и Божикни каде Дедо мраз патува и дарува подароци на сите деца во светот. Нема ништо поубав од тоа кога ја гледам радоста во неговите очи, дека и тој помогнал за сé така да изгледа “посебно”.Заедно напишавме писмо за Дедо Мраз. Добриот старец на санка со многу подароци  е тука да ја пробуди праведноста,  дарежливоста,  добрината,  желбата да и тоа наградува за добри дела  и дели со други, еден ден. Така ја примаат пораката за емпатија со другите личности од мали нозе. Лео е среќен и весел кога добива подароци, но и кога им подарува на другите деца. Ви посакуваме Среќна и бериќетна Нова 2024 година  на сите читатели на bitolanews.

Ивана Мојсова за ќерката Ема…

-За Ема се е бајковито, особено го сака овај дел од годината кога ги имаме и ги празнуваме новогодишните и Божикните празници, за што се радуваат децата, а секако и ние повизрасните. Така беше и оваа годона, како што реков, се е бајковите и магично во напиот дом, а така е насекаде, што продонесува за што посвечено празнување на Нова  Година, Коледе, Бадник, Божик.Ќерката Ема, како и во изминатите години, неуморно помага во делот на украсување и декорирање и со нетрпение го очекува Дедо Мраз и се обидува цела година да е послушна поради него. Таа навика му е стекната од кога беше мала и цело време ја практикуваме.

Христина Димова Поповска за синовите Михаил и Христијан…

-Со доаѓањето на месец декември во нашиот дом започнува волшебната празнична атмосфера. Новогодишните и Божиќните празници во нашата фамилија предизвикуваат чувство на радост, исчекување, возбуда, љубов, внимание и почит. Михаил и Христијан се деца кои од мали нозе се радуваат на бајките за најомилениот дедо на светот, се радуваат на украсување на новогодишното дрво, се радувааат на подароците, а најмногу се радуваат на пишувањето писмо до омилениот Дедо Мраз. Нивните желби се најголеми, најбројни, најразлични, најубави.

Како родител, уживам во секоја празнична активност која ја имаме заедно, бидејќи децата се тие кои паметат. Да се види магијата на празниците преку очите на Михаил и Христијан кај мене е најголемото задоволство на светот. Среќни празници! Христина, Михаил и Христијан.

Весна Велјановска за синовите Сергеј и Калин…-Како мајка на две машки деца новогодишната магија се трудам да ја доловам со тоа што му ги раскажувам приказните, легендите и традициите за празниците па така сите празници стануваат позабавни и со приказна позади нив. Во почетокот, на китењето и украсуването тука се приказните за Дедо Мраз кој остава подароци под елката, приказната за Свети Никола, традицијата за Коледе, Бадниковата трпеза и долго очекуваниот Божик, а исто така и низ сето ова тука се и божикните филмови кои фамилијарно ги следиме.

Со сите овие приказни новогодишната магија станува се по реална дури и за нас возрасните и со тоа секоја година декорирањето и прославувањето на празниците претставува приказна за нашата фамилија во која сите уживаме.

Катерина Шеровска – Томовски за синот Марко…

-Годината што измина, за нас имаше многу успеси и предизвици. Со нетрпение очекувавме да дојде време за новогодишно украсување на нашиот нов дом. Мојот син Марко целосно беше вклучен во новогодишната еуфорија, од купување на новогодишна елка и украси до декорирање.Подароците, испеаните песнички и новогодишните приказни што ги читавме ја збогатија новогодишната магија и верувањето во Дедо Мраз. Нека секоја година биде магична и уште подобра од претходната. Среќна Нова 2024 година.

Александра Петкоска Попагин за синот Серафим…-Оваа година нашиот син Серафим се уште е многу малечок за да може да ги сфати концептите, како: Нова Година, Дедо Мраз, Божиќ.. Но, тоа со неговиот татко не не обесхрабри во обидите да го восхитиме и да го пробудиме во него празничниот дух, макар и со естетиката на светкавото, шареното, сјајното… Сепак, Серафим најповеќе го радуваат гостите кои ги дочекува во својот дом и насмеаните лица кои ги среќава низ битолските улици.

Во Новата 2024 на сите им посакуваме, пред се, добро здравје, многу љубов, радост и добрина. Да ја откриеме во нас мудроста која ќе не исполни со добри мисли, добри зборови и добри дела. Да ја зачуваме умереноста од која денешниот свет толку лесно не одвраќа. Да бидеме космополити и да се заземаме за мирот и праведноста, за со право да имаме надеж за еден поубав свет и посветла иднина, за нас и оние кои доаѓаат по нас.

Со позитивни мисли и чувствувајќи ја магијата на празниците низ фотографиите на најмилите можеме да се вратиме во нашето детство кога верувавме во бајки и Дедо Мраз. Но, зошто да не постојат  и сега во нашиот свет на фантазии како возрасни личности, ако се чувствуваме добро во Новогодишно – божикната  бајка на убаво и совршено, победа на доброто над злото, макар и во деновите за овие новогодишни празници. Сите сакаме да веруваме во најголемата желба во Новата 2024 година, а тоа е победа на доброто над злото во светот.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »