Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер претстави ново засилување, уште еден плејмејкер, Џонил Фугет во Битола

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола денес престави ново засилување. Се работи за уште едно американско засилување оваа зима, а тоа е Џонил Фугет, кошаркар кој игра на позицијата плејмејкер и доаѓа од тимот на Спартак Плевен. Фугет во Спартск играше во просек по 22 минути и забележуваше по 13 поени со одличен процент за 3 од 38 проценти.

Фугет  е роден 1999 година, потекнува од Денвер Колорадо и игра на позицијата плејмејкер. Во својата колеџ кариера настапуваше две сезони за West Texas A&M, па направи трансфер во UCCS (University of Colorado – Colorado Springs) каде што во својата последна сезона 2022/23 ги одигра сите натпревари како стартер и запишуваше по 15.3 поени, 5 скокови и 3.8 асистенции, а беше и најдобар во тимот по украдени топки, со 35.

По завршувањето на колеџ кариерата, Фугет потпиша за Бугарскиот прволигаш Спартак од Плевен за кој што настапуваше во домашното првенство, и во Европската ENBL  лига. 

-Oчекуваме заедно со Knight одлично да се надополнуваат на позицијата на која што во првиот дел од сезоната бевме најтенки и немавме вистински плејмејкер, истакнаа од КК Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »