Press "Enter" to skip to content

Битолчани масовно за Водици во Охрид, десетина тинејџери од “Ушици“ се “фрлија“ по светиот крст и привлекоа најголемо внимание (фото)

На денешното осветување на водите и спуштањето на светиот крст во Охридското езеро во Охрид на верскиот празник Богојавление – Водици, учество зедоа стотици жители на Охрид и од цела Македонија, кои на пристаниште се “фрлија“ по светиот крст, кој во езерските води го положи Владиката Тимотеј.Според охридските новинари и новинарите и дописниците од државата кои денес беа во Охрид, покрај охриѓани најмногу верници имаше од Битола, а посебно внимание привлече групата на тинејџери од Битола, од населбата “Ушици“, кои беа најрасположени, а кои самоуверено даваат изјави пред новинарите. Групата тинејџери од Битола се состоеше од Андреј Лозановски- Штрк, Валентин Стојановски, Христијан Стојановски, Бобан Цапевски, Бојан Јанковски, Васко Христовски, Филип Димовски и  Христијан Трајковски.Бојан Јанковски изјави: втор пат скокам по крстот во Охрид, лани бевме малку, а годинава сме во поголем број, другари од малата. Лани за Водици езерото беше разбрането, а оваа година не послужи времето повеќе и езерото беше мирно. Искуството е одлично. Поздрав од Битола, Бог се јави.Валентин Стојановски пред новинарите изјави: прв пат скокам по крстот во Охрид, преубаво чувство, желбата ја имав уште од кога бев мал и денеска конечно се оствари. Бог се јави, за многу години.Андреј Лозановски Штрк во Охрид рече: чувството е неопишливо, водата беше одлична, но ладна. За овој преданието кажува дека секој кој ќе скокне останува здрав без разлика колку е ладна водата и студено времето. Бог се јави, за многу години на сите.Младите битолчани останаа долго во ладните води, покрај вербата во Бога покажаа и голема хуманост им помагаа на сите безбедно да излезат и да влезат во водата и им полнеа света вода на сите кои не можеа тоа сами да го направат. 

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »