Press "Enter" to skip to content

Во ноќта, пред изгрејсонце, во Буково, празнување на Богојавление – Водици, најсреќни Мартин и Стефан Мачковски (фотогалерија)

-Во село Буково, над Битола традиционално фрлањето на крстот се одвива во ноќта, пред изгрејсонце, а по крстот се “фрлаат“ само тројца, пријавени една година претходно.

Добрите времиња, создаваат “слаб“ народ, а лошите времиња создаваат силен народ. И баш во тие лоши времиња се гледа големината на еден народ, баш во тие времиња се гледа храброста, која е поголема со повеќе слога и љубов кон ближните, наместо злоба омраза и раздор помеѓу луѓето.Е, токму во овие најтешки времиња, Буковскиот народ, во Буково, во селото со некогаш и до 6.000 жители, сложни како браќа, непобедливи, моќни, учени, итри и паметни, во време кога било забрането за Водици да се фрла крст, и да се одржуваат и почитуваат било какви христијански традиции, Буковци биле едни од најхрабрите и одлучиле да продолжат да го фрлаат крстот за Водици и да го одбележат Христовото крстение во раните утрински часови, во тајност, како што се смета и Христовото Богојавление, Водици, како една од повеќето свети тајни, како сложни браќа, секоја година, традицијата која траела и трае, рече Елизабета Каровска, претседател на Предизиумот од Буково.Од тогаш наваму останува како традиција, единствено тука да се одржува пеенината и фрлањето на крстот во раните утрински часови, на две места во Буково од 2 до 5 часот наутро. Оваа година најреќни беа Мартин и Стефан Мачковски.-Иако денес не може ни една заедница да се пофали на таква слога и братски живот, сепак секоја година, Буковци и сите добронамерници во се поголем број на овој голем ден за христијанството. Исто така традиција е во Буково на две места места, и во црквата “Св. Димитрија“, и во манастирот “Св. Спас“, да се пријавуваат само по тројца, една година унапред, и само тие имаат право да скокаат по крстот наредната година, па откако ќе се испее водата од свештеникот, и најсреќниот ќе го фати крстот, сите фрлаат парички за среќа, и полнат од светата вода. Народ без традиција не е народ. Традициите го прават секој народ посебен и поубав, затоа да ги одржуваме нашите традиции, повеќе верба во Господ и слога и љубов меѓу народот, за подобра иднина и за многу години. Бог се јави, за многу години, ни рече Горан Кабровски, претседател на месната заедница од село Буково.

More from ВестиMore posts in Вести »