Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска од СК Пелистер со најдобар македонски резултат во спуст со освоени 107 FIS поени

Ева Милевска од СК Пелистер од Битола веднаш по празниците продолжи со сезоната на трки во алпско скијање и тоа во сите дисциплини во Сестриере, Биелмонте, Пасо Сан Пелегрино и Кортина Дампецо.

Милевска на овие спуст трки го забележа и најдобриот нејзин резултат во најбрзата дисциплина, во спуст.

Тоа е воедно и најдобар македонски резултат со освоени 107 FIS поени, што ја става Ева на високо место на светската ранг листа.

Со оглед што е прва FIS сезона за Ева, а се наоѓаме на средина на тековната сезона, за очекување е и овие резултати да бидат подобрени до крајот на сезоната.

More from ВестиMore posts in Вести »