Press "Enter" to skip to content

“Белиот ангел“ од Курбиново за Горко и Пројчевски од министерката Бисера Костадиновска- Стојчевска за нивните театарски јубилеи

Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска синоќа во Битола, по завршувањето на премиерата на претставата “Вујко Вања“ на Народниот театар Битола им оддаде признание на два актери Петар Горко и Никола Пројчевски кои со оваа претстава одбележаа 35 и 20 години од како професионално се наоѓаат на штиците кои живот значат.

-Емотивна и одлична изведба на првата премиера во оваа година на Битолскиот театар. Безвремениот Чехов, со „Вујко Вања“ беше изборот на режисерката Софија Ристевска-Петрушева, со која битолскиот ансамбл одбележа два актерски јубилеја. Петар Горко со улогата на големиот Вујко Вања во својата биографија одбележува 35 години професионална актерска кариера, а Никола Пројчевски ќе го паметиме како Астров, во одбележување на своите 20 години на театарската сцена. Ми беше чест оваа свечена вечер да ја споделам со актерите и ансамблот на Битолскиот театар кои покажаа професионалност, колегијалност и обединетост во одржување на традицијата и негување на вредностите кои траат, напиша министерката Бисера Костадиновска- Стојчевска.

Министерката на Горко и Пројчевски и подари реплики на иконата на Белиот Ангел од Курбиново.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »