Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките со убедива победа во Битола го отворија пролетниот дел (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0

(25:15; 25:12; 25:10)

Сениорската екипа на Пелистер Волеј од Битола со победа стартуваше во пролетниот дел. Одбојкарките во првото коло од пролетниот дел запишаа нови три бода, откако за помалку од еден час ја совладаа екипата на Фламинго Волеј од Скопје. Со оваа победа ги потврдија амбициите за враќање во најквалитетното одбојкарско друштво во Македонија.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, за првата победа рече:-Иако резултатски се беше извесно и рутински, сепак играта сеуште не е на највисоко можно ниво, но секако тоа го очекуваме во наредните натпревари кога и започнува вистинската битка во разврската за шампионската титула. Денес дебитантски настап имаше Теона Славкова која одигра одличен натпревар и забележа 10 поени.Поените ги освоија: Лиле Лозановска 13, Теона Славкова 10, Ивана Белокозовска 9, Стефани Најдановска 9, Меланија Каралиоска 3, Билјана Јаковлевска 3, Христина Трајчевска 2, Антонија Стојковска 1 и Марија Ристеска 1.