Со потпишување Меморандум за соработка меѓу УСС УКЛО и Министерството за култура, меѓу другото, за студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се обезбедува попуст од 50 проценти на влезници за програмите на националните установи од областа на културата.
Ова е само една од придобивките за студентите на УКЛО што произлегува од Меморандумот, потпишан од министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска и Борис Гушевски, лидер на студентите од УКЛО Битола.
Министерката Стојчевска информира дека со подобрувањето на студентскиот стандард се подобруваат и остваруваат правата и потребите на младите луѓе.
-Меморандумот потпишан со УСС УКЛО ги опфаќа сите македонски национални установи под надлежност на Министерството и на тој начин студентите ќе имаат еднаква можност и достапност до културната сцена. Во рамки на пригодата, таа ги извести студентите од УКЛО и за новините планирани во Законот за култура и можноста да се вработува млад стручен кадар без работно искуство во македонските национални установи како и плановите за стипендирање на дефицитарни профили, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Претседателот на УСС УКЛО, Борис Гушевски заблагодарувајќи се за воспоставената соработка со Министерството за култура, посочи дека Меморандумот за соработка претставува можност за помагање и олеснување на стандардот на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и на конкретен начин се унапредува социјалниот живот и културната надградба.
На настанот што се одржа во Студентскиот информативен центар на УКЛО – СИЦ, простор што симболично е средиште на студентите, присуствуваа и претставници од менаџментот на УКЛО, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и проректорите проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска и проф. д-р Горан Илиќ.

Меморандум за соработка меѓу УСС УКЛО Битола и Министерството за култура, попуст од 50 проценти на влезници (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





