Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер на 15 февруари, во 19,30 часот, против Феникс во Купот во Битола

Кошаркарската федерација денес го објави распоредот според кој ќе се играат натпреварите на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур 2024“, кои ќе се играат во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, а технички организатор е екипата на Пелистер.

Организаторот на купот екипата на Пелистер од Битола го искористи правото да бира термин па мечот со Феникс ќе го играат последни во денот, во 19:30 часот.

Распоред за одигрување на четвртфиналните натпревари на 15 февруари:

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (почеток 12 часот)

Еуро Никел – Чаир (14:30 часот)

Работнички – ТФТ Моцарт (17 часот)

Во петок на 16 февруари се двете полуфиналиња, а ден подоцна (17 февруари) ќе се одигра финалниот натпревар.

More from ВестиMore posts in Вести »