Ако натпреварот вечерва во Битола започна со “неубава работа“, а тоа беше минутата молк за Силјан Мицевски – Циле, пред натпреварот започна да се чувствува одличната ракометна атмосфера, која на крајот заврши со голема радост на трибините и на теренот по победата над вечниот ракометен ривал Вардар.
-Измината сезона победивме во Битола, но такви беа настаните што воопшто не се радувавме на победата, а потоа се радувавме на титулата. Сега се израдувавме на победата која сосема е заслужена, а ни останува уште да ја прославиме титулата. А, да не заборавам и Купот, ни рече по завршување на натпреварот Зоран, кој како ни рече нема пропуштено натпревај, кој знае од кога.
А, не беше лесно да се дојде до победата посебно во првото полувреме, но и тогаш навивањето и бодрењето и вербата во победата беше на ниво, а затоа битолскиот тандем, тренерот Ангеловски и капитенот Кузмановски, или како битолчани гуи викаат Бранче и Фитиљо, по натпреварот во име на ракометарите и управата победата му ја посветија токму на овие околу, 4000 битолчани кои вечерва беа во спортската сала “Боро Чурлевски“.
А на трибините лево на север “Чкембарите“ кои даваат темпо и интонација на навивањето, а секако се беше прифатено и следено од преполната северна и јужна трибина.
Тешко е да се долови одличната атмосфера која беше на трибините вечерва на натпреварот и после него, тоа може само да се доживее, како велат, но ќе се обидеме со голем број на фотографии да ви доловиме дел од атмосфеарата.
Фото: Дамијана Ристевска, Сашо Ристевски











