Press "Enter" to skip to content

Фото вест: поранешниот градоначник Златко Вршковски е најредовниот навивач на Еурофарм Пелистер, секогаш на првиот ред

Доаѓа сам на секој натпревар на Еурофарм Пелистер во салата во Битола незабележително, скромно, седнува на своето сезонаско закупено седиште, со сезонака влезница, на првио ред, на кое можеби и не седнува, туку на нозе го гледа целиот натпревар, до можеби најбучните навивачи на групата “Јужна дружина“.Кога ќе се појави на јужната трибина, на сите натпревари и си го бара своето место во првиот ред, скоро сите, младите се прашуваат кој е чичкото со побелена коса. А, оние малкумина во салата го познаваат, секако повозрасните, со шепот им кажуваат на младите, тој е Вршко, д-р Златко Вршковски, поранешен градоначалник на Битола, пред дваесетина години, од  2000 година до 2005 година.Како и на сите навивачи, и нам ни го привлече вниманието, и поразговаравме за љубовта кон ракометот и ни рече:

-Ги следам сите натревари на Пелистер, без разлика дали се меѓународни од Евро лига, или Лига на Шампиони, или домашни првенствени, или куп. Секако, со сезонска влезница која си на купувам на стартот на сезоната. Мислам дека сите кои го сакаме ракометот или спортот во Битола, мораме да помогнеме да се развива кој како може, а најмалку со купување на влезници за натпреварите. Само така заслужено ќе се радуваме на победите и титулите на битолските клубови. Инаку, не сум бил само на два натпревари, поради мали здравствени проблеми, но сега продолжувам до крај да бидам на првиор ред на јужната трибина, да давам поддршка на целиот тим е на крај да ја прославиме титулата.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »