Press "Enter" to skip to content

По 17 години кошаркарскиот куп во Битола, домаќините посакуваат големиот пехар да остане во витрините на Пелистер (фотогалерија)

-Во кошаркарска Битола, се е подготвено за завршниот турнир од Купот на Македонија што од четврток до сабота ќе се одржи во салата „Боро Чурлевски“. Прв куп-турнир по 17 години пауза кој ќе се игра во  „градот на конзулите“, беше речено на прес-конференцијата која се 0држа во конгресната сала на “Таскфорс“, спонзор на Пелистер, пред завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“2024.

Организаторот, кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, денеска одржа прес-конференција по повод одржување на националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција за 2024 година. Улогата на домаќин му припаѓа на КК Пелистер, кој поддржан од компанијата „Таск Форс“ го потврдува напредокот на организациски план, со надеж дека сезонава ќе се направи чекор напред и ќе се стигне до трофејот.Организацијата на овој куп е уште еден чекор во развојот на КК Пелистер, кој со влегувањето на компанијата Таск Форс ќе биде дополнителен чекор напред и играчки и организациски. Затоа, организацијата на купот е важен фактор за нас за продолжување на развојот, веруваме дека ќе го положиме тој организациски испит и дека на крајот од овој турнир сите ќе бидеме со позитивни впечатоци,  порачаа директорот на КК Пелистер, Филип Ивановски.Спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Марјан Србиновски изрази надеж дека Куп-натпреварувањето ќе мине во беспрекорна организација и дека ќе понуди квалитетна кошарка.Купот се сели во Битола, во организација на КК Пелистер и на Општина Битола. Не се сомневаме во организациските способности, како федерација сакаме ова да биде празник на кошарката, трибините да бидат исполнети и со една ферплеј игра најдобрата екипа да го крене пехарот, истакна Србиновски.Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски се обрати на присутните и им порача дека Битола е подготвена за еден продолжен спортски викенд во Битола и рече:-По ракометното дерби во Битола и по натпреварот во Лигата на шампиони, кога гостува екипата на Париз, купот ќе биде продолжение на една богата спортска програма. Се радувам дека по 17 години ова значајна натпреварување за македонската кошарка се враќа во Битола. Им посакувам на сите пријатен престој во Битола, организаторот КК Пелистер заедно со Општина Битола ќе се потруди се да помина во најдобар ред. На сите им посакувам успешни натпревари, но се наевам дека овој голем пехар за победник на Купот ќе остане во Битола, а сите сме подготвени за тоа.Пелистер и Феникс 2010 ќе го одиграат последното четвртфинале на првиот ден од програмата на завршниот турнир од Купот на Македонија.Битолчани како домаќини не ја кријат желбата да стигнат до трофејот пред своите верни навивачи, но против себе ќе го имаат Феникс, тим од кој беа елиминирани лани од ова натпреварување.Овие два тима се сретнаа пред неколку дена во рамките од Првата лига, при што Пелистер по голема битка успеа да триумфира како најава за куп-битката.-Очекувам дека Битола како прво ќе се покаже како одличен домаќин. Видливо е дека Пелистер како клуб расте од година во година, овој дел од сложувалката со организацијата на Купот е благодарение на Општина Битола и на компанијата „Таск Форс“. Очекувам дека ќе имаме тродневен спортски маратон каде ќе гледаме убави натпревари и каде битолската публика ќего препознае квалитетот и ќе ни даде поддршка. Во однос на противникот, Феникс е традиционално незгоден ривал на Пелистер, и оваа година натпреварот пред неколку дена се покажа како доста тежок за нас. Имајќи го во предвид фактот дека за 13 дена игравме шест меча и истрошеноста беше видлива, во однос на тоа како се одвиваше мечот. Се надевам дена во наредните денови ќе се стабилизираме и добро ќе се подготвиме за она што не очекува в четврток. Во моментов сме фокусирани само на Феникс, тим што цела сезона игра квалитетно, воопшто не размислуваме на ништо друго“, изјави стратегот на „пелистерци“, Дарко Радуловиќ.Александар Крстевски беше краток на пресот и само рече:-Овде сме некако сите скромни во изјавите. Јас нема да бидам таков и нема да бидам скромен. Се подготвуваме, ќе играме и се надеваме дека ќе стигнеме до финалето и пехарот ќе биде во Битола. Спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Марјан Србиновски ми го предаде пехарот на МЗТ Скопје за минатогодишното освојување на Купот, во нивна трајна сопственост.

Текст и фото. Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »