Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за марихуана, нападната битолчанка, физички напад, 216 санкции за сообраќајни прекршоци

На 11.02.2024 во 19.50 часот на ул. „Индустриска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода три лица на возраст од 28, 22 и 19 години сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едно од нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.02.2024 во СВР Битола, А.Н.(23) од Битола пријавила дека во угостителски објект кај Градското шеталиште била физички нападната. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.02.2024 во СВР Битола,  две лица на возраст 23 и 2о години двајцата  од Битола, пријавиле дека на паркинг простор од основно училиште во Битола биле физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (09/10/11.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 216 возачи, меѓу кои 121 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 22 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкциии за управување без возачка дозвола, осум санкции за користење на мобилен телефон, 10 прекршоци што ги прават пешаците.

На 11.02.2024 во СВР Битола, А.Т. (33) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак” бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »