Press "Enter" to skip to content

Во Библиотеката работилница за психосоцијална поддршка

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа прекрасна креативна работилница со претставници од Здружението на дијабетичари на општина Битола во соработка со претставници од Здружението за уметнички ракотворби од Битола. Оваа работилница беше во склоп на проектот за психосоцијална поддршка.

Психо-социјална поддршка претставува обезбедување на психолошки и социјални ресурси на лице кое има таква потреба, наменета во корист на неговата способност да се справи со проблемите со кои се соочува. Психо-социјалната поддршка помага да се зајакне отпорноста на стрес, ги оспособува луѓето да се повратат и закрепнат од криза, како и поефикасно да се носат со други критични случувања во животот. Исто така, тука е вклучена и секоја поддршка која што луѓето ја добиваат за да го заштитат или унапредат своето ментално здравје и психо-социјална благосостојба. На тој начин се превенираат и посериозни нарушувања, како на пример: депресија, анксиозност или посттрауматско стресно нарушување.

-Овие работилници имаа за задача да не зближат, повторно да научиме да се дружиме без мобилни телефони, а воедно и да бидеме продуктивни и креативни. Плетењето е еден вид на медитација, која има голем бенефит за создавање на позитивно чувство и релаксација, порачаа од Библиотеката.

More from ВестиMore posts in Вести »