Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Феникс и обезбеди полуфинале против Еуро Никел во Купот (фотогалерија)

Пелистер – Феникс 87:70

Кошаркарите на Пелистер ви Битола  го совладаа тимот на Феникс 2010 во четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија, 81:70, со маестрална игра во второто полувреме го обезбедија триумфот и и полуфиналето, и во ниту еден момент не стравуваа за епилогот. Првото полувреме понуди прилично израмнета кошарка, иако Пелистер на моменти повеќе го имаше водството кај себе. Гостите од Скопје заиграа за нијанса подобро во втората четвртина и на паузата имаа негатива од само три поени, 38:35. На почетокот на второто полувреме кај Пелистер дојде до израз квалитетот, а веќе во последната четвртина започна  правењето  на разликата. Пелистер продолжи и да ја зголемува предноста за конечни 81:70. Најефикасни кај Пелистер беше Магдевски, кој постигна 17 поени и  Маслинко со 14.Пелистерци во второто полуфинале од Купот на Македонија ќе се соочат со екипата на Еуро Никел. 

More from ВестиMore posts in Вести »