Press "Enter" to skip to content

Фото вест: домаќинот на Купот не ја заборави легендата Благоја Георгиевски-Буштур

-Пред натпреварот на Пелистер, посебно, постхумно признание од организаторот на турнирот во Битола за легендата на македонската кошарка.

По три години во Скопје, националниот Куп кој го носи името на нашата голема кошаркарска легенда Благоја Георгиевски-Буштур, овој февруари „се пресели“’ во Битола. А луѓето од КК Пелистер која ја доби организацијата на 32. издание на завршниот турнир, не заборавија на ликот и делото на нашиот кошаркарски великан.

Преставникот на раководството на клубот од Битола и компанијата „Таск форс“, Виктор Димовски, непосредно пред почетокот на последниот четвртфинален натпревар во кој играа Пелистер и Феникс 2010, му врачи посебно, постхумно признание на синот на нашиот „Буштур“, Борјан Георгиевски.

Навистина прекрасен гест на битолчани!

More from ВестиMore posts in Вести »