Press "Enter" to skip to content

Колку што боли поразот во финалето, толку е голема гордоста на сето она што го направивме сите заедно

-Останува тагата што сиот овој заеднички труд, на сите битолчани, не беше крунисан и со трофеј, за Битола, за “Чкембари“ и за сите 4.000 битолчани кои ја наполнија салата “Боро Чурлевски“.

-Ви благодариме на сите од срце, КК Пелистер.

Колку што боли поразот во самиот финиш од финалето, толку е голема гордоста на сето она што го направивме сите заедно во последните денови, за Битола да биде центар на кошарката, но и да постави пример за организација, однос на навивачи и се она што го красело и што во иднина ќе го краси нашиот град.

Благодарни сме на Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски за сета поддршка што ја добиваме од почетокот на овој сериозен проект. Оваа соработка ни дава за право да се надеваме на уште поголеми успеси во иднина.

Горди сме на нашите “Чкембари“. Ја препознаа нашата спортска искреност, желбата да донесеме трофеј во Битола и ја наполнија салата “Боро Чурлевски“.

Најтешко е да се биде голем во поразите, но нашите верни навивачи го сторија токму тоа кога на сите ни беше најтешко, уште еднаш покажувајќи зошто се најдобра навивачка група во Македонија.

Горди сме на самите себе, за начинот на кој го организиравме овој турнир, покажавме дека имаме капацитет и организациски способности, зошто да не во иднина да донесеме и регионален турнир во Битола.

Секако, останува тагата што сиот овој заеднички труд на сите битолчани не беше крунисан и со трофеј.

Сепак, убедени сме дека вака сплотени, тоа е само прашање на време и најдоброто од нашето спортко семејство допрва следи.

Ви благодариме на сите од срце, КК Пелистер

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »