Press "Enter" to skip to content

Државно музичко училиште Битола со свечен концерт “Нека е бесконечно музика“ одбележа 77 години постоење (фотогалерија)

Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола се одржа свечен концерт на Државното музичко училиште од Битола со кој ја одбележа 77 годишнината од постоењето.Овој начин на прослава на денот на формирање на Државното средно училиште започна минатата година. Настапуваат професорите на Државното средно училиште, а како беше речено вечерва на концертот, свечениот концеет веќе прераснува во традиција.На концертот насловен “Нека е бесконечно музика“ настапија професорите од училиштето кои се потрудат многубројната публиката, која голем дел стоеше на концертот, да ужива во музиката од различни епохи.На концертот ќе настапија Горјана Стојановска, Кирил Мулоски, Јана Четелева Белевска, Маја Божиновска, Игор Милевски, Татјана Божиновска.Триото “Трифоника“ (Јана Четелева Белевска, Марија Шамоска Буџаковски и Елена Ѓоргиева), со премиерна изведба на делото „Македонско девојче “ на Вангел Мажевски.Уште настапија уште и Билјана Талевска, Билјана Димовска, Оливера Гемту, Владимир Андревски, Горан Трајковски, Спире Јовановски, хорот на ДМУ под диригентска палка на Лилјана Трајковска Димевски, заедно со Кире Мулоски и Менде Мешковски.Државно музичко училиште – Битола е формирано во почетокот на 1947 година со решение на Министерството за народна просвета на Народна Република на Македонија и спаѓа во редот на најстарите училишта во Македонија. Во почетокот биле формирани паралелки за основно музичко образование, а во 1962 година се формирани и пaраралелки за средно музичко образование. Голем број на завршени ученици од ова училиште се гордост за музичката култура на градот и Македонија.Како институција со високи професионални квалитети, активно е вклучена во културното живеење на градот и регионот, организирајќи концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други здруженија, институции, како и со фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола“; „Шопенова Вечер“; Фестивал на млади пијанисти организиран од ЕПТА и многу други.Многу некогашни нивни ученици, денес се дел Македонска Опера и Балет, Македонска филхармонија, СОКОМ, наставници во основните и средните училишта, професори на ФМУ во Скопје и Штип. Некои станаа познати естрадни уметници во државата и надвор од неа, а некои се на пат да станат големи уметнички ѕвезди. Сите тие се гордост на училиштето, на сите нас.Голем е бројот на признанија што ги имаат освоено до денес нивни ученици во Македонија, низ градовите во Европа и пошироко, а секако значајно e да се спомене и доделувањето на наградата на град Битола “4 Ноември”.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »