Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со нов пораз во ЛШ, Кил не дозволи изненадување

Кил – Еурофарм Пелистер 29:23 (19:10)

Ракометарите на Еурофаме Пелистер од Битола во рамките на “А“ групата од Лигата на Шампиони забележаа уште еден пораз, се враќаат поразени од германскиот гигант Кил, со резултат 29:23, полувреме 

“Пелистерци“ лошо го отворија натпреварот и дозволија фаворизираниот противник брзо да се одлепи и да поведе пред својата публика. Македонскиот стратег за првпат ги повика своите ракометари на советувања, а се реши и за промена во нападот, па играта „седум на шест“ вроди со плод и Пешевски со својот прв гол намали на 6:2. Кил натпреварот го одведе на плус десет разлика (17:7). До крајот на полувремето “пелистерци“ успеаја да намалат само еден негатива и на пауза се замина со 19:10.

“Пелистерци“ офанзивно одлично го започнаа второто полувреме, но одбраната потфрли и Кил одново стигнуваше до лесни голови. Со влегувањето на Павле Атанасијевиќ, одбраната на Пелистер ја доби посакуваната цврстина и подвижност и кон средината на полувремето Ѓорговски намали на пет негатива на 22:17. Во 54. минута беше 25:20. Кил на крај победи со 29:23.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Радивојевиќ со 6, следуваат Пешевски со 4 и Манасков, Кузмановски и Цехте со по 3 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »