Press "Enter" to skip to content

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на тема “Концепт за инвестиции во енергетиката“ (фотогалерија)

Денес во “Вавилон“ во Битола се одржа трибина на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“ на која присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратениќките во Парламентот – Олга Лозановска и Силвана Ангелевски, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ -Битола – Пеце Милевски, градоначалниците на Новаци и Могила -Стевче Стевановски и Саботковски, членови на патријата и симпатизери.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката има намера озбилно да се позанимава со еден децениски ветуван проект, а тоа е проектот Чебрен кој е значаен проект.-ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката има намера сериозно да се позанимава со еден децениски ветуван проект, проектот Чебрен. Се сеќавате, ние предупредивме дека постапката онака како што беше водена не само што не гарантираше реализација на тој проект, туку беше и антинационална сама по себе. Јас длабоко во себе сум убеден дека на Македонија од стратешка природа ѝ е потребен уште еден голем резервоар на вода затоа што ако денеска зборуваме за геостратегија каде енергетиката има главна улога, не зборам само за електроенергетиката, тука зборам и за другите енергетски ресурси, гас, нафта итн., убеден сум дека во иднина некои генерации многу важно ќе им биде да обезбедат вода, такви времиња доаѓаат имајќи ги предвид климатските промени.Убеден сум дека уште еден таков резервоар за вода на Македонија како држава ќе ѝ биде многу важен. И тоа не е проект кој треба да го гледаме денес за утре, или за 10 години, 20 години, па дури и за 50 години. Тоа е проект кој треба да го гледаме можеби за еден век од денеска и тоа е проект за иднината не само за Македонија како држава, туку и за иднината на идните генерации кои се неродени, тој проект нема само енергетско значење, туку може да има социоекономско и да има огромно значење во земјоделието бидејќи системот кој понатаму каскадно ќе следи практично служи за наводнување на десетици илјади хектари земјоделска површина. Така што овој проект е мултифункционален и треба така и да се гледа, но за да дојдеме до сериозна и сигурна реализација на овој проект нас ни треба сериозна анализа, рече Мицкоски.-РЕК Битола ни е стожерот на енергетиката и ние не смееме лесно да се откажеме од него. Како што кажа колегата, професор Христијан Мицкоски, тука ќе се работи до крај да се искористи, да се искористат нашите сопствени примарни енергетски ресурси кои што ги немаме многу. Ние немаме течни горива, гасни, јагленот ни е единствениот извор и обновливите, вели професорот Константин Димитров на денешната дебата во Битола „Енергетска платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“.Тој додаде дека обновливите енергетски ресурси не ја задоволуваат целосно базна енергетска потреба, туку дека тие ја надополнуваат, затоа итно мора да се пристапи, освен модернизација, стабилизирање на погон во РЕК Битола, во изградба на две когенеративни постројки на природен гас.-На народски јазик кажано, овој збор когенеративно значи, едновремено производство на електрична и топлинска енергија во една иста постројка. Затоа што во таквата постројка се обезбедува највисок степен на искористување на примарната енергија на природниот гас. За да биде јасно, во нашиот РЕК Битола од енергијата од јагленот вложуваме три единици за да добиеме една како електрична енергија, овдека од една вложена 80% ќе вратиме, 50 проценти како електрична енергија и она што инаку е отпад и оди во ладилните кули во Битола, овде ќе произведеме топла вода со температура која што е негдека 90-тина степени. И веднаш на секој му станува јасно што ќе правам со таа топла вода. Ќе ја обезбедам греење на граѓаните и ние вели две во Битола и во Скопје веднаш“, рече Димитров, кој додаде ддека веднаш кога ќе дојде влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го почне процесот на проектирање, размислување и почеток на изградба, можеби ќе бидат две веројатно е добро да бидат две еднакви затоа што и поевтино е да се набават такви, и потоа резервни делови секогаш се помагаат.Маркова Велинова посочи дека гасификацијата како област е важна за Македонија и како што ја оставивме во 2017 година не се мрднати.-Седум години тапкаат во место, ова  значи дека веднаш по преземањето на власта ќе посветиме внимание на гасификација како изградба на интерконекторите за природен гас со соседните земји, потоа изградба на примарната инфраструктура со цел да можеме без проблем да се поврзат двете когенеративни постројки, но истовремено и на примарна преносна мрежа за гас и за другите градови со цел во иднина и таму да се направат постројки за топлинска и електрична енергија, потенцираше таа.Маркова Велинова додаде дека посебно големо внимание ќе се обрне на дистрибутивниот систем за природен гас и тоа со правилна стратегија, со паролата „Гас до секое домаќинство во Македонија“ се со цел секој граѓанин да му биде овозможен пристап до природен гас. Знаеме, можеме и умееме.

More from ВестиMore posts in Вести »