Денес, на 8 март “КС Групацијата“ од Битола во чии состав се “Голд Фелициа“, “Голд Слот“, “Евротип“, “КС Сервис“ и “Премиум Сејфти Солушн“, заедно со “Минт Групација“ од Битола донираа професионални инхалатори на клиничката болница “Д-р Трифун Пановски” на одделот Педијатрија (детско одделение).
Инхалаторот кој го донира “Голд Фелициа“ е набавен купен со парите од Новогодишниот хуманитарен базар кој се одржа во луксузниот амбиент на “Голд Фелициа“ . Хуманитарниот базар беше организиран во соработка со Ротари Клубот – Битола Широк Сокак и приватната детска градинка “Мали Чекори“.
“Минт Групација“ исто така донираше професионален инхалатор на одделението за педијатрија, а донацијата е дел од нивното залагање да бидат компанија која применува општествената одговорност во нејзиното работење и во таа насока доделува помош на институциите со цел нивно поуспешно работење.

“КС Групацијата“ и “Минт Групација“ со заедничка донација за детското одделени во Клиничка болница Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





