Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со УСС УКЛО организира универзитетски турнир во баскет 3 на 3, прв од ваков вид, по влезот на УКЛО во Алијансата на европскиот универзитет КОЛОРС. Во натпреварот учествуваа повеќе екипи, поделени во четири групи во кои покрај студенти активно се вклучија и претставници од наставен и ненаставен кадар на УКЛО, а се одуграа во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.
Педесетината натпреварувачи ја поздравија одличната идеја за одржување на турнирот во баскет, особено затоа што се одвива под знамето на Алијансата КОЛОРС. Според ректорот, проф. д-р Игор Неделковски рекреативните и спортски активности добиваат една нова димензија што им овозможува и меѓународен карактер, бидејќи во иднина, сите активности покрај што се поддржани од УКЛО, ќе бидат поддржани и од Алијансата.
На универзитетскиот турнир во баскет што се одржа на 14 март 2024 г. во спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола присуствуваше и проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска.
На најдобрите екипи врачени им се пехари и медали, а сите учесници добија пригодни благодарници за ангажираното вклучување во спортската активност.
Инаку УКЛО, подолг временски период е посветен на зголемување на општествената инклузија на студентите и збогатување на спортско – рекреативниот живот, за што се организираат различни првенства и настани со социјално – забавен карактер.

Одржан универзитетски турнир во баскет (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Поддршка за секое дете, еднакви можности за спорт
- СВР Битола: пријава за физички напад, пронајдена стара граната
- СИДО одбележува 30 години со свечен концерт заедно со Оркестар DIVA
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 12 степени
- Битола му оддава почит на Тихомир Јанчовски со монодрамата „Лидија или сè што знам за жените“ во UTOPIA
More from СпортMore posts in Спорт »
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер остана без Куп финале, поразен од Охрид во полуфиналето
- Малешевиќ: со победа над Кожув сакаме математички да осигураме полуфинале,









