Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со УСС УКЛО организира универзитетски турнир во баскет 3 на 3, прв од ваков вид, по влезот на УКЛО во Алијансата на европскиот универзитет КОЛОРС. Во натпреварот учествуваа повеќе екипи, поделени во четири групи во кои покрај студенти активно се вклучија и претставници од наставен и ненаставен кадар на УКЛО, а се одуграа во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.Педесетината натпреварувачи ја поздравија одличната идеја за одржување на турнирот во баскет, особено затоа што се одвива под знамето на Алијансата КОЛОРС. Според ректорот, проф. д-р Игор Неделковски рекреативните и спортски активности добиваат една нова димензија што им овозможува и меѓународен карактер, бидејќи во иднина, сите активности покрај што се поддржани од УКЛО, ќе бидат поддржани и од Алијансата.На универзитетскиот турнир во баскет што се одржа на 14 март 2024 г. во спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола присуствуваше и проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска.На најдобрите екипи врачени им се пехари и медали, а сите учесници добија пригодни благодарници за ангажираното вклучување во спортската активност.Инаку УКЛО, подолг временски период е посветен на зголемување на општествената инклузија на студентите и збогатување на спортско – рекреативниот живот, за што се организираат различни првенства и настани со социјално – забавен карактер.
Одржан универзитетски турнир во баскет (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Што е корупција во нашата држава? Им пречи ли на младите или го следат трендот на „снаодливите“ во желбата за успех?
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци
More from СпортMore posts in Спорт »
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци
- ФК Јени Маале со ВИП и обични влезници за купот против Шкендија
- Пелистер со реми против Струга, но може да жали за три бода во Битола (фотогалерија)
- Со повеќе млади ракометари Еурофарм Пелистер лесно ја победи Струга во Битола (фотогалерија)