ВМРО-ДПМНЕ одлучи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски да ја предводи кандидатската листа во петтата изборна единица на опозициската партија, каде спаѓа и Општина Битола.
Денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го потврди името на Ѓорѓија Сајкоски и со тоа се комплетираа носителите на листи.
Николоски го опиша Сајкоски како „еден од најуспешните претседатели на Општински комитети во ВМРО-ДПМНЕ“.
Опишувајќи ги како квалитетни носителите на изборните листи и додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е внимателна додека ја креира изборната кампања лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата кои ќе бидат носители на пратеничките листи по изборните единици.
Партиската програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира веќе в недела.






