Компанијата “Beach Villas“ од Лондон, во партнерство со “Им Лабс“ од Охрид, и вработените, поттикнаа голема донаторска акција за Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Акцијата ја спроведува здружението за заштита на природното и национално богатство “Енхелеус Лихнид“.
-Целта на оваа акција е комплетно подобрување на условите за живот во домот односно куќите во кои се сместени децата. Ова е прва од низата на донации за домот, и содржи бела техника,бебешки реквизити, облека и кујнски апарати. Во наредните пратки ќе се достават лекови,храна, хемски средства,кревети и слично. Целата донација ќе биде во вредност од 10 илјади евра. Со ова ги поттикнуваме сите фирми да вложуваат во вакви активистички акции за подобрување на нашето општество, порачаа организаторите, изјави Вик Какаротски.

Голема донаторска акција за Домот за доенчиња и мали деца во Битола, донирани 10 илјади евра
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





