Во паркот кај Градскиот часовник во Битола се одбележа значаен јубилеј, дваесет години од постоењето на спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола.Спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола одлучи, а го организира одлично со забавно-рекреативни содржини, а најинтерсно за големиот број битолчани кои беа таму беше ревијалниот натпревар во качување на гајби. Прво членовите на Вертикал ги покажаа своите вештини, а потоа им се приклучија и млади и повозрасни битолчани кои се обидоа, и за среќа, се искачија на поголем број на вертикално поставени гајби, за што добија и многу аплаузи.-Спортското искачување, што многумина не знаат, е олимписки спорт, а нам кои сме во овој клуб ни останува недежта дека во овој, пред се индивудуален спорт, ќе успее да дојде до Олимпијада, порачаа од Вертикал, кои се потрудија со овој настан прво да го претстават овој спорт, а и да популаризираат кај младите.Инаку, спортско качувачкиот клуб Вертикал е активна и успешна приказна што постои од 2004 година. Станува збор за спортски клуб кој во своето дводецениско постоење остави длабоки траги во спортската култура не само во Битола, туку и низ цела Македонија, особено во полето на качување на карпи.По повод 20. роденден, беше поставена и изложба на фотографии од активностите на членовите на СКК Вертикал.
По повод 20 години спортско качувачкиот клуб Вертикал Битола заедничка дружба и натпревар во “качување на гајби“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Што е корупција во нашата држава? Им пречи ли на младите или го следат трендот на „снаодливите“ во желбата за успех?
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци
More from СпортMore posts in Спорт »
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци
- ФК Јени Маале со ВИП и обични влезници за купот против Шкендија
- Пелистер со реми против Струга, но може да жали за три бода во Битола (фотогалерија)
- Со повеќе млади ракометари Еурофарм Пелистер лесно ја победи Струга во Битола (фотогалерија)