Press "Enter" to skip to content

Еразмус+ инфо центарот и Еразмус канцеларија во старата чаршија во Битола (фотогалерија)

Во старата чаршија во Битола свечено беше отворен Еразмус+ инфо центарот во Битола, кој ќе работи во рамките на кое ќе работи во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и ќе биде одлично место за информирање, презентирање на можности, претставување на идеи од страна на младите.На свеченото отворање присуствуваше Марко Георгиевски директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, директорот на Францускиот институт, грчкиот конзул во Битола и секако голем број битолчани кои биле или се дел од Еразмус програмите.Марко Георгиевски директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на отворањето рече:-Драги битолчани и сите кои сте тука од овој регион, драго ми е, чест и задоволство да го отвориме овој инфоцентар и Еразмус канцеларија во Битола. Мене ми е голема одговорност тоа јас да го направам. Во изминатиот период од една идеја која подоцна беше ставена во работна програма, подоцна на седница на Влада одобрена, по обездедување на просторот, стигнавме и до денешното отворање. Драго ми е што една идеја прерасна до модерен простор кој што во следниот период ќе служи за дружење, едукација на младите, но и тука да творат. Просторот не е отворен само за младите туку и за сите кои се вклучени во Еразмус програмата, која е една од најживите програми во Европската унија каде што за сите има место, наставници, професори, студенти, млади луѓе, возрасни. Сакам и да и се заблагодарам на сите битолчани, кои иако сум скопјанец одлично ме прифатија и ни помагаа оваа канцеларија да го има овој денешен сјај и додаде:-Во иднина сакаме оваа канцеларија да работи секојдневно и да биде исполнета, со секојдневни актовности, со настани кои ќе бидат од најразличен карактер. Ве охрабрувам сите да бидете во овој прострот. Патриотски е државата да прави можности за младите, да овозможи услови за сите да бидат тука, а отворањето на канцеларијата е во таа насока, да се информирате и да ги исползувате сите можности.Ѓоргиевски искажа благодарност кон младата уметница Јана Танчевска чии дела беа изложени во инфо-центарот и младите музичари генијалци од Битола ученици на Државното музичко училиште, македонските винарии, за да канцеларијата добие европски концепт.Проректорот на УКЛО, Горан Илиќ на отворањето на канцеларијата рече:-Отворањето на оваа канцеларија на Еразмус плус во Битола е исклучително значајна иницијатува. Битола почитува и прифаќа вакви иницијативи, а затоа мислам дека ова катче секогаш ќе биде исполнето со луѓе, посебно со млади луѓе. УКЛО е европски универзитет, дел од “Колорс“ алијансата, а ќе има исклучителна полза од овој простор. Тоа што сакам да го поренцирам е дека УКЛО секогаш ќе биде расположен и ќе излезе во пресрет на сите идеи и проект поврзани со студентите, бидејки УКЛО во годините кои доаѓаат има сериозни активности во рамките Колорс алијансата, преку која студентите ќе се стекнуваат со европска диплома. УКЛО е посебно фокусиран на младите, а ова катче со европски предзнак е токму во таа насока, а Еразмус програмата е најомилена кај студентите и наставниот кадар.На крај од инфо-центарот порачаа:

-Отсега сите информации поблизу до вас! Градиме мостови на соработка, можности за млади и даваме поддршка во креирање на уште подобро образование за сите.

Текст и фото: С.Ристевски

[ngg src=”galleries” ids=”1928″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”22″ order_by=”pid”]

More from ВестиMore posts in Вести »