Алкалоид – Еурофарм Пелистер 25:35 (12:16)
Актуелниот ракометен шампион Еурофарм Пелистер победи во значајниот натпревар за доближување кон нова титула, и останување на пехарот во Битола, со +10 гола повеќе од Алкалоид 25:35, полувреме 12:16 и имаат +6 бода во однос на Вардар кој сега е второпласиран.
Еден словенечки репрезентативец Цехте постигна дванаесет гола, додека искусниот голман Лесјак, во клучните моменти беше на висината на задачата и не дозволуваше противникот да се врати во игра.
Натпреварот започна со водство на домаќиот, но десетина мунути Еурафарм Пелистер со мини-серија поведе со два гола разлика (5:7). Домаќинот израмни на 7:7, следуваа нови четири гола за 7:11. На крајот на полувремето беше 12:16.
Вториот дел започна со нешто подобра игра на домаќинот, но Пелистер го чуваше сигурното водство. Алкалоид се врати на само два негатива, но во 45. минута повторно беше +5 (19:24), потоа и на +7. До крајот Еурофарм Пелистер не го дозволи пресврт на натпреварот и на крај славеше убедлива победа од 25:35.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Цехте со 12 гола и Радивојевиќ со 6 гола.
“Пелистерци“ во вторник ги очекува и вечното ракометно дерби против во Скопје, каде можеби и ќе се направи последниот чекот кон титулата.










