Организаторите на “Креативен ден 2024“ пред одржувањето на истиот, организираат интересен настан на кој се промовира модниот дизајн и ги поттикнува младите на претприемништво.
Домаќини СОУ “Таки Даскало“ од Битола текстилно училиште (техничар за дизајн на облека со изработка на модни додатоци), чии ученици ќе се претстават со своите техники на работа и ќе ги демонстрираат стекнатите вештини.
На истиот присутните ќе можат да ги видат креативните работилници на гостите: Академија СКАЛА – Скопје, етнолог Наде Брачиќ модните брендови – a_court, FREAKY, 1-3 Cloths.
Присутните ќе може да слушнат за новите, современи методи на учење, директно да постават прашања во врска со струката, отворените можности за личен напредок.
Креативна работилница “Креативен ден 2024“ ќе се одржи на 12 април (петок), Офицерски Дом, Битола.






