Press "Enter" to skip to content

Во медицинско “Др. Јован Калаузи“ во Битола работилница на тема тоталната беззабост (фото)

Во средното Медицинско училиште “Др. Јован Калаузи“ во Битола, беше одржана работилница предводена од прим. доц д-р Данчо Бизевски и д-р Енес Бајрамов. Тематскиот и практичен осврт на работилницата претставуваше Тоталната беззабост, причините за настанување, но и практичните решенија за истата од имплантолошки и протетски аспект.Во тој дух, ученицитте од  IV година од смеровите стручен забен техничар и стручна медицинска сестра, беа комплетно едуцирани за важноста и сериозноста на оваа проблематика, и беа воведени во имплантологијата како една од најмодерните специјалности на денталната медицина.Едукацијата опфаќаше и практична примена и обука за припрема на пациентот за оперативен зафат, припрема на хируршкиот тим и хируршкото работно поле, вовед во хируршка работа со животински и фантомски вилици, и изведување на протетските лабораториски и клинички фази.

Ваквиот концепт наиде на широк интерес, и претставува прва едукација во државата од ваков вид во средните медицински училишта.

More from ВестиMore posts in Вести »