Press "Enter" to skip to content

Предизборна средба со граѓаните на Битола имаше Бујар Османи, кандидат за претседател на Европскиот фронт (фотогалерија)

Вечерва во Пациото на Завод и музеј Битола кандидатот за претседател на на Демократската унија за интеграција и Коалицијата Европски фронт, Бујар Османи, во рамки на предизборната кампања, имаше предизборна средба со граѓаните на Битола. Кандидатот за претседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, рече:-Битола е најсоодветното место од каде што можам да ја пратам пораката, бидејќи Битола е Македонија во мало. Мојата визија како европски претседател, преку Европскиот фронт е да создадеме едно силно единство помеѓу сите етнички заедници, помеѓу сите граѓани на нашиот пат кон Европската унија. Мислам дека таа порака, денеска ни ја дадоа и битолчани. Дека им е доста од поделби, доста од пораки на политички партии коишто бараат 61 пратеник за да ги исклучат другите, за да ги исклучат Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Египќаните, поминато е времето на доминација на една заедница.-Македонците ќе бидат најзадоволни ако нивните соседи се среќни. Затоа, мојата понуда, понудата на Европскиот фронт е да бидеме сите еднакви, сите да тргнеме на марш за членство во Европската унија во 2030 година. Таквата идеја денеска ја доби најголемата поддршка, порача вечерва од Битола, Бујар Османи притоа додавајќи дека граѓаните бараат час поскоро решение за нивните проблеми, додаде на вечерашниот митинг во Битола, кандидатот за претседател на ДУИ и Коалицијата Европски фронт на неколку албански партии Бујар Османи.За тоа што вечерва му порачале и што побарале од него граѓаните на Битола, Османи рече:-Граѓаните бараат нивните деца да не бегаат веќе во Европската унија, туку Европската унија да дојде кај нас. Граѓаните бараат соживот, доста им е веќе од национализам и лажен патриотизам. Доста им е и од потребата да земаат дури и бугарски пасоши и лажно да се пријавуваат, заради тоа што бараат решение за нивните деца, а во таа насока додаде:-Дајте да се сплотиме, да ги направиме уставните измени, да ги отвориме поглавјата, до 2030 година секој наш граѓанин во својот џеб да си има европски пасош, за да не биде принуден да земе туѓ, и да нема потреба да ја напушти државата. Имаме шанса, на прагот сме, само треба да продолжиме по тој пат.Пред присутните се обрати и претседателот на  Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.Присутните ги поздрави и престедателот на битолскиот органок на ДИУ, Љутви Ахмети, кој во своето обраќање рече:-Добредојдовте на централниот митинг на Европскиот фронт во Битола. Вечерва имаме чест и привилегија да оваа голема победа започне токму од нашата Битола, европска Битола. Ќе упатаме од тука една порака, сите да бидеме сплотени и соедитените Албанци, Македонци, Турци, Роми и заедно да станеме дел од  Европската унија, каде што сите ќе бидеме рамноправни и ќе зивееме во едно опшетство, каде што ќе нема никакви разлики помеѓу народот. Затоа, на 24 април, сите заедно во што поголем број да заокружеме број 4 и да ја обезбедиме нашата европска иднина.Вечерва на митингот во Битола пред присутните се обратија уште и Зијадин Села, Крешник Бектеши, Муса Џафери.

Текст и фото: Сашо Ристевски

[ngg src=”galleries” ids=”1943″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from ВестиMore posts in Вести »