Синоќа рибочуварската служба на “Стрежево“ од Битола одзеде поставени мрежи во близина на местото викано “Кај карпите“.
-Поставувањето на мрежи е нелегално и претставува кривично дело согласно регулативата на нашата држава. Продолжуваме успешно да се справуваме со рибокрадството, порачаа д ЈП “Стрежево“ од Битола.
Поставувањето на мрежи за роболов е кривично дело согласно Кривичниот законик, па затоа мрежите се подигнати за понатамошна постапка.






