Денес, недела, 14 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло. Температурата во Битола до 28 степени.
Утре, понеделник, 15 април, во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 29 степени.






